background background

Адвокатска

канцеларија

            Павлески
— СКОПЈЕ

НАШАTA МИСИЈА

Секој ден го започнуваме со една позитивна цел:
– Да обезбедиме јасен правен совет и помош која клиентот секогаш ја заслужува.

Наши главни вредности се искреност и отворена комуникација со цел да добиете најдобра и најпрофесионала услуга.

ОСНИВАЧ НА
АДВ. КАНЦЕЛАРИЈА

АДВОКАТСКА ЕКСПЕРТИЗА

ВО ШТО СМЕ СТРУЧНИ

— Надомест на материјална штета
— Надомест на нематеријална штета
— Присилно извршување
— Изготвување на сите видови на договори
— Анекс на договори
— Совети за раскинување или поништување на договори
— Застапување за време на преговори во врска со склучување договори
— Надомест на штета поради повреда
— Наплата на побарувања
— Застапување во постапка за наплата на побарувања
— Договарање на начин за исплата на долг
— и други правни услуги поврзани со облигационото право

Нудиме правна помош на постоечки бизниси, ново-отворени компании и секаков вид на претприемачи.

Се стремиме да обезбедиме правни услуги на ефикасен и економичен начин така што Ви овозможуваме слободно и безгрижно да се фокусирате на Вашиот бизнис.
Работиме на различни видови на услуги, како што се:

— Основање на фирми (друштва)
— Застапување на фирми
— Трговски спорови
— Секаков вид на договори
— Договори за вработување
— Парнични постапки
— Вонпарнични постапки
— и други правни услуги поврзани со вашиот бизнис.

— Секаков вид на имотно-правни односи, (како и спорови за истите)
— Легализација
— Приватизација на земјиште
— Упис во катастар на недвижности (на незапишани права и др.)
— Одржувачка (право на сопственост по пат на долгогодишно непречено владение)
— Службеност (добивање на право за користење на туѓа сопственост)
— Сопственички права на недвижен и подвижен имот
— Нарушено владение
— и други правни услуги поврзани со стварното право

— Развод на брак со тужба
— Спогодбен развод на брак
— Поништување на брак
— Составување на предбрачен или брачен договор
— Алиментација за дете
— Утврдување на татковство (DNK)
— Семејно насилство
— Поделба на имот при развод на брак
— Вршење на родителско право
— Старателство (на дете или на возрасно лице)
— Посвојување
— и други правни услуги поврзани со семејното право

— Нарушување на јавен ред и мир
— Застапување при физички напад
— Застапување при сообраќајни незгоди
— и други правни услуги поврзани со кривичното право.

— Водење и спроведување на оставинска постапка
— Застапување во оставински спорови
— Договор за доживотна издршка
— Составување и спроведување на судски и своерачен тестамент
— Застапување во постапка во која се оспорува тестамент, договор за доживотна издршка, договор за дар и др.
— Изработка на договор за распределба на имот за време на живот
— и други правни услуги поврзани со наследното право

— Застапување во постапка за исплата на плати и надоместоци од работен однос
— Застапување поради незаконит престанок на работен однос
— Отпремнина
— Застапување поради неплатени придонеси
— Надомест на штета при повреда на работа
— и други правни услуги поврзани со работните односи.

— Оставинска постапка
— Физичка делба на недвижен и подвижен имот
— Уредување на меѓи
— Одземање на деловна способност
— Надомест за експроприрана недвижност (имот одземен од државата)
— Судски тестамент и прогласување на тестамент
— и други правни услуги поврзани со вонпарничната постапка.

ЧЛЕНОВИ

НА АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА

РУЖА ПАВЛЕСКА

ОСНОВАЧ НА АДВ. КАНЦЕЛАРИЈА

Од 1998 година се наоѓа на листа лиценцирани адвокати во Република Северна Македонија.

Успесите и резултатите кои ги постигнува нашата канцеларија секогаш ги препишуваме на деталната работа и максималната посветеност на секој клиент и случај.
Тоа е пристап и начин на работење кој се покажал како единствен пат кој води до успех во изминатите 23 години работење како самостоен адвокат.

ЗЛАТКО ПАВЛЕСКИ

АДВОКАТ

Лиценциран адвокат во адвокатската канцеларија од 2019 год.

Правото е материја која постојано се менува и гради према новото време во кое живееме. Новите трендови носат животни ситуации за кои стручна помош е неопходна.
Се трудиме секогаш да бидеме во тек и да ги пратиме и имплементираме сите нови измени.

background background

ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИИ

Законот е комплицирана работа. Може да ви создаде голем проблем ако го игнорирате. Дозволете ни да ви помогнеме!

Работно време

Понеделник — Петок
9h — 17h

MK